ФУДБАЛ

Интер го прави најчудниот трансфер ова лето

Интер во последните часови од преодниот рок веројатно ќе го направи најчудниот трансфер ова лето.

Кога зимава пристигна во Интер, Робин Госенс ​​требаше да биде долгорочно засилување. Поранешниот играч на Аталанта прво беше позајмен, а потоа купен за 15 милиони евра.

Сепак, на неговата авантура во миланскиот клуб се чини дека и дојде крајот по само една полусезона.

Познато е дека Интер мора да продаде некои играчи за да ги избалансира сметките, а како што стојат работите, Госенс ​​ќе биде жртвуван.

Иако беше најавуван како долгогодишно засилување поради тешката финансиска ситуација и неможноста да ангажира уште некои играчи, Германецот ги напушта „нероаѕурите“.

Симоне Инзаги силно сака уште еден стопер. Изборот одамна падна на Франческо Ачерби, а таа работа може да се одблокира само со продажба на Госенс.

Така Интер ќе го продаде Госенс ​​на Баер Леверкузен за 28 милиони евра, а на стоперската позиција ќе го доведе Ачерби и како замена за Германецот Борно Соса.

На многу навивачи на Интер можеби нема да им се допадне овој договор бидејќи Госенс ​​е еден од најдобрите бекови во светот, но тешката финансиска состојба на Интер очигледно е главната причина за можеби најчудниот трансфер летово.