Дуелот во Серија А, Интер и Јувентус се шпекулира дека започнуваат битка за левиот бек на Челзи, Маркос Алонсо.
Шпанецот, кој играше во Италија за Фиорентина, сега игра во Лондон односно од 2016 година игра за Челзи.
Сепак, тој неодамна стана резерва и ова би можело да биде неговата последна сезона во Премиер лигата.
„Дејли Стар“ пренесува дека Јуве и Интер ќе се борат за потписот на Алонсо, а Челзи сака да го продаде уште во јануари.