ФУДБАЛ

Интер и Манчестер Јунајтед во разговори за трансфер на Јанг

Интер е во преговори со Манчестер Јунајтед за трансферот на ветеранскиот дефанзивец Ешли Јанг за време на јануарскиот преоден рок, пренесува „Скај Спорт“.

Договорот на 34-годишниот играч со Манчестер Јунајтед истекува на крајот на оваа сезона и тој е слободен за да ги започне преговорите со кој било клуб уште во овој месец.

„Скај Спорт Италија“ пренесува дека Интер е подготвен да му понуди на Јанг 18-месечен договор, доколку се согласи да се пресели овој месец. Сепак, не е познато дали Манчестер Јунајтед ќе му дозволи да замине во јануари.

Јанг би станал третиот играч на Манчестер Јунајтед кој ќе се приклучи на тимот на Антонио Конте во рок од една година по трансферот на Алексис Санчез и Ромелу Лукаку.

Англичанецот досега оствари 12 настапи во сите натпреварувања со Манчестер Јунајтед оваа сезона.

Тренерот на Манчестер Јунајтед Солскјер негираше дека е свесен за евентуално заминување на Јанг пред да додаде дека Манчестер Јунајтед не треба да ја ослабува својата екипа овој месец.

„Не знам за што зборувате, мора да го прашате Ешли. Останаа уште неколку месеци оваа сезона. Не можеме да се ослабиме “, рече Солскјер.