Интер, наводно, ги продолжува разговорите со напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс, за трансфер во текот на летото, пред да се соочат со нив во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија.
Полуфиналето во средата би можело да биде специјален натпревар за Дрис Мертенс во многу аспекти, бидејќи „Тuttomercatoweb“ пренесува дека Белгиецот би можел да се врати во составот за прв пат по два месеци.
Дури и италијанскиот весник „Gazzetta dello Sport“ објави дека преговорите меѓу напаѓачот и лидерите на „сините“ се уште се во тек, бидејќи договорот на Мертенс со Наполи истекува на крајот на оваа сезона, во текот на летото.
На 32-годишниот играч му требаат уште два гола за да стане водечки стрелец на сите времиња на „Сан Паоло“ и тој би можел да го сруши тој рекорд против клубот кој се обидува да го убеди на трансфер во текот на летото.
„Gazzetta dello Sport“ пренесува дека Интер му ја дал најдобрата понуда досега, иако и Манчестер Јунајтед и Арсенал се заинтересирани. Дури и Наполи се обиде да го убеди да потпише нов договор.
Мертенс играше на вкупно 24 натпревари оваа сезона (18 во Серија А и шест во Лигата на шампионите) и придонесе десет гола (пет во Серија А и пет во ЛШ) и пет асистенции (четири во Серија А и една во Лигата на шампиони).