ФУДБАЛ

Интер ја одби понудата на Барселона за Лаутаро

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез е голема желба на Барселона.

Каталонците го гледаат 22-годишниот напаѓач како вистинска замена за Луис Суарез, кој е во доцните години, и прават се што е можно за да го доведат во своите редови.

За трансфер на напаѓачот се преговара веќе подолго време, а како што тврди „Газета дело Спорт“, Интер веќе отфрли една понуда од Барселона.

Бидејќи Барса нема услови да понуди 111 милиони евра, тие му понудија на Нероаѕурите двајца фудбалери, Артуро Видал и Жуниор Фирп и одредена сума пари.

Сепак, негативен одговор дојде од „Меаца“. Интер јасно стави до знаење дека сака уште 90 милиони евра покрај играчите, бројка која во моментов е преголема за Каталонците.

Пред неколку дена, каталонскиот „Спорт“ напиша дека Интер бара 90 милиони евра, Артуро Видал и Антоан Гризман на едногодишна позајмица.

Интер нема да се откаже од Аргентинецот толку лесно, при што покрај Барселона заинтересиранани за Аргентинецот се Манчестер Јунајтед, Челзи и ПСЖ.