ФУДБАЛ

Интер ја одреди цената на Ериксен

Интер одлучи да го продаде Кристијан Ериксен и е подготвен да го стори тоа во случај на понуда од 30 милиони евра.

Данскиот репрезентативец премина од Тотенхем во Интер минатото лето, но под водство на Антонио Конте добива многу слаба минутажа. Тој доби вистинско понижување против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, кога во последните шест минути излезе од клупата за резерви.

Интер одлучи да го ослободи Ериксен во јануари за 30 милиони евра и не е исклучено тој да го ослободи играчот од средниот ред во замена за играчот на профилот што го бара тренерот.

А, играчите од средниот ред кои Конте ги цени се Паредес од ПСЖ, Толисо од Баерн, Џака од Арсенал и Фред од Манчестер Јунајтед.