Според весникот Ил Кориере дело Спорт, Интер мора да продаде еден или двајца врвни играчи на лето.
Побараната цена на Интер за Ромелу Лукаку е 120 милиони евра, а за Белгиецот Барселона и Манчестер Сити се моментално најзаинтересирани, овие клубови исто така „душкаат“ и по Лаутаро Мартинез.
Интер го донесе Лукаку за околу 80 милиони евра во 2019 година од Манчестер Јунајтед, и тој постигна 59 голови на 85 натпревари, а оваа сезона тој е едноставно незапирлив и го води Интер до Скудетото.
И многу други играчи на Интер се наоѓаат на радарот на европските великани.
Атлетико Мадрид и Баерн Минхен се заинтересирани за Нико Барела и Стефано де Вриј, Алесандро Бастони, Марсело Брозовиќ, Кристијан Ериксен и Милан Шкриниар исто така го привлекоа интересот на големите европски клубови.
Интер е подготвен да се ослободи од некои големи sвезди во желбата да ја подобри финансиската слика, па затоа за некои постави цена, како што е случајот со Лукаку.