Според „Gazzette dello Sport“, Нераѕурите отфрлија вистинска профитабилна понуда за дефанзивецот Милан Шкриниар, за кој се шпекулира дека во јануари би можел да го напушти Џузепе Меаца.
Жозе Мурињо одамна бара дефанзивец кој ќе ја засили одбранбената линија на Црвените Ѓаволи а, наводно, Португалецот вистинското решение го гледа во Словакот на Интер.
На тој начин им наводно Мурињо “им наредил” на лидерите на Манчестер Јунајтед да одврзат торбата и да понудат 75 милиони евра за потписот на Шкриниар, но за Интер не биле доволни.
Интер, Шкриниар го купи од Сампдорија минатото лето за 35 милиони евра, но сега е јасно дека Нераѕурите сакаат да направи голем профит од неговата потенцијална понуда.
Со оглед на тоа Интер, наводно, одбил понуда од 75 милиони евра, наредната која ќе пристигне на адресата на Интер за Шкриниар може да биде рекордна кога во прашање е еден дефанзивец.
Моменталниот рекорд го држи Ван Дијк, кој пристигна во Ливерпул во јануари оваа година и е платен 79 милиони евра.