Италијанскиот новинар Паоло Барџиџи тврди дека Антонио Конте би можел сензационално да се врати во Јувентус, и тоа после завршувањето на оваа сезона евентуално освојувајќи го Скудетото со Интер.
-Фабио Паратичи ми рече дека Андреа Ањели останува претседател на Јувентус. Андреа Пирло го напушта клубот на крајот на сезоната, што и да се случи. Масимилијано Алегри е реална опција, но внимавајте на Антонио Конте – изјави новинарот од „Медиасет“ и „Кориере Дело Спорт“.