ФУДБАЛ

Интер киксираше на почетокот од Светското клупско првенство, неуништливиот Серхио Рамос им пресуди (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер имаа тежок почеток на Светското клупско првенство, играјќи само 1:1 со Монтереј.

Европскиот вицешампион беше апсолутен фаворит, но мексиканскиот тим, предводен од капитенот Серхио Рамос, одигра фантастично и заслужено го освои бодот. Токму 39-годишниот Рамос му донесе водство на Монтереј во 25-тата минута, кога со глава погоди по изведен корнер.

Сепак, радоста на мексиканскиот тим беше краткотрајна бидејќи во 42-та минута, Лаутаро Мартинез, по асистенција на Карлос Аугусто, постигна гол за 1:1 по еден убав потег.

Во продолжението од натпреварот, двата тима имаа по една голема шанса за победа. Монтереј можеше да постигне гол во 64-тата минута, но Серхио Каналес ја затресе стативата, додека Мартинез од само седум метри промаши во 77-тата минута. На крајот, натпреварот заврши со поделба на бодовите, а неуништливиот Серхио Рамос беше прогласен за најдобар играч на дуелот.

ПОВРЗАНО

Светско првенство 2026