ФУДБАЛ

Интер му понуди нов договор на Јанг

Лидерите на Интер имаат намера да ја прошират соработката со Ешли Јанг, јавуваат италијанските медиуми.

Крилниот играч дојде од Манчестер Јунајтед на „Џузепе Меаца“ во јануари за само 1,5 милиони евра, а веднаш по пристигнувањето покажа засилување за „Нероатурите“.

На седум одиграни натпревари, Јанг постигна еден гол и забележа исто толку асистенции, а колку се задоволни навивачи толку се задоволни и челниците на Интер кои решија да му доделат нов договор.

Така, според италијанските медиуми, Јанг ќе остане подолго од шест месеци  во Милано како што е предвидено со досегашниот договор што го потпиша оваа зима.

Интер е за Јанг прв клуб надвор од Англија. Тој претходно играше во Манчестер Јунајтед долги години, со кој освои и осум трофеи, додека покрај Јунајтед го носеше и дресот на Вотфорд.

Тој одигра 39 натпревари за репрезентацијата на Англија.