Италијанскиот тим Интер се уште е заинтересиран за напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру.
Антонио Конте сака центарфор кој би можел да биде замена за Ромелу Лукаку, најдобриот стрелец на Интер.
Жиру останува меѓу целите на Интер заедно со Полјакот Аркадиуш Милик, кој се очекува да замине во јануари, бидејќи неговиот договор со Наполи истекува на крајот на сезоната.
Гигантот од Серија А сака да потпише со Французинот, во форма на шестмесечна позајмица со можност за откуп.
Слично на тоа, пред една година тие го потпишаа Ешли Јанг од Манчестер Јунајтед.
34-годишниот фудбалер минатата недела изјави дека е отворен да го напушти Челзи во зимскиот преоден рок, иако тренерот Фрак Лампард не сака да го пушти напаѓачот да го напушти „Стемфорд Бриџ“ во средината на сезоната.
Жиру, победник на СП 2018, има два гола на девет настапи во сите натпреварувања со Челzи во досегашниот дел од сезоната.