ФУДБАЛ

Интер не запира, започна разговори со Љоренте

Покрај средниот ред, Нероаѕурите исто така планираат да го засилат нападот во јануари.

Интер го направи Оливие Жиру главна цел за јануарскиот преоден рок.

Сепак, нероаѕурите имаат проблем да го пренесат напаѓачот на Челзи. Затоа Интер ја смени дестинацијата.

„Скај Спортс“ пренесува дека италијанскиот гигант го свртел вниманието кон напаѓачот на Наполи, Фернандо Љоренте.

Шпанскиот напаѓач му се придружи на Наполи како слободен агент минатото лето.

Сепак, тој би можел да заврши во Интер во наредните денови.

Интер планира да му понуди договор од 18 месеци.

Во меѓувреме, Нероаѕурите се на добар пат за трансфер на играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен.