Италијанските медиуми пишуваат дека претставници на фудбалерот Ромелу Лукаку денеска во Милано ќе се сретнат со претставници на Интер за преговори околу негово евентуално враќање на „Џузепе Меаца“. Како што е познато тој минатата сезона за 120 милиони евра од Интер се пресели во Челзи, каде не се снајде најдобро. Неговата желба е да се врати во Милано, па дури се согласил и на драстично намалување наплатата.
Интер летово ќе се обиде да потпише договор со уште еден напаѓач, а Марота се надева дека тоа ќе биде Пауло Дибала кому му истекува договорот со Јувентус. Од друга страна, пак, Иван Перишиќ и дефинитивно се сели во Тотенхем.