Играчот од средниот ред на Парма, Дејан Кулушевски, позајмен од Аталанта, може наскоро да замине во Интер, пренесува „Кориере дела Сера“.
Според медиумот, Интер се согласил да и плати на Аталанта 35 милиони евра за 19-годишниот Швеѓанец со македонско потекло.
Миланскиот клуб посакува да го реализира трансферот во јануари, но проблем е тоа што тој е позајмен на Парма до крајот на сезоната. Аталанта се согласила, а се очекува реакција од „Млекарите“.
Деветнаесет годишниот Кулушевски оваа сезона досега има 15 настапи во Серија А, на кои постигна три гола и забележа пет асистенции.