Во подготвителниот натпревар Интер беше поразен од француски Ленс со 1:0. Ленс беше подобриот тим во првото полувреме. Имаше подобри шанси, но не успеа да постигне гол и на пауза беше без голови (0:0). Лоис Опенда ја погоди мрежата на Интер во 90. минута за победа на Ленс во пријателски натпревар во кој имаше многу жештина и многу конфликт меѓу играчите.