ФУДБАЛ

Интер потврди уште едно големо засилување!

Екипата на Интер денеска го потврди доаѓањето на уште едно големо засилување.

Откако Ромелу Лукаку пристигна на позајмица, клубот доби нов голман Андре Онана.

Голманот на Камерун се согласи да им се приклучи на Нероаѕурите пред неколку месеци. Како слободен играч пристигнува од Ајакс, каде со години беше прв избор на голот.

Станува збор за навистина одличен голман кој ќе ја преземе позицијата на единицата од легендарниот Словенец Самир Хандановиќ.

https://youtu.be/YIqQgmaTdqo

Андре Онана ја мина младинската академија на Барселона. Од 2015 година е член на Ајакс за чиј прв тим одигра 214 натпревари.