Како номинален гостин вечерва во 24. коло, Милан го совлада Интер со 1:2 во Дерби дела Мадонина.
Интер подобро го отвори натпреварот. Дамфрис постигна гол во 10. минута, но голот беше поништен поради офсајд позиција.
Во 26 минута, Барела упати слободен удар високо над шеснаесетникот. Две минути подоцна Дамфрис повторно е во центарот на вниманието, но Маињан брилијантно ја брани линијата.
Тонали потоа се закани на другата страна, но Хандановиќ на место.
Хакан Чалханоглу го изведе корнерот во 38. минута, а голот за 1:0 го постигна Иван Перишиќ.
Второто полувреме ни носи малку поповлечена игра на Интер, која Милан знаеше да ја казни.
Оливие Жиру топката ја испрати зад Хандановиќ за 1:1, а истиот играч доби одлично додавање три минути подоцна и а во примот се ослободи од Де Вриј, погодувајќи за голем пресврт и победа на Росонерите.
Милан го заврши натпреварот со 10 играчи. Судијата му покажа жолт картон на играчот на Тео Ернандез во последите секунди од натпреварот.
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги дефинитивно ќе биде многу критикуван по овој натпревар, со оглед на тоа што во вториот дел направи многу дискутабилни промени и постави многу поодбранбена игра, што на крајот го чинеше неговиот тим победи.
По овој натпревар Интер останува прв на табелата со 53 бодови, бод повеќе и натпревар помалку од Милан, а доколку утре слави Наполи ќе се израмни со Милан на втората позиција.
Во следното коло Интер ќе игра против Наполи, додека Милан ќе ја пречека Сампдорија.