ФУДБАЛ

Интер повторно тргнува по Иранецот?!

Интер ќе се обиде да го доведе фудбалерот на Порто, Мехди Тареми во летниот преоден рок, тврди новинарот Фабрицио Романо.

Вицешампионите на Европа и челниците на Серија А се обидоа и минатото лето да го доведат репрезентативецот на Иран, но тој обид не беше успешен.

Договорот на Тареми истекува на крајот од сезоната, а тој на челниците на Порто им порача дека нема да го продолжи. Затоа, тој може да потпише за Интер во јануари, а договорот со Порто да го заврши до лето.

Тареми оваа сезона постигна пет гола на 22 натпревари.

Лаутаро Мартинез и Маркус Тирам сезонава сочинуваат одличен напаѓачки тандем на Интер, а нивни алтернативи се искусните Марко Арнаутовиќ и Алексис Санчез.

Деновиве се шпекулира дека Арнаутовиќ ќе си замине на лето, па на негово место би можел да дојде Тареми.

ПОВРЗАНО

Серија А