Фудбалерите на Интер се првите полуфиналисти на Купот на Италија и го продолжуваат патот кон одбрана на трофејот во ова натпреварување.
Интер ја совлада одличната Аталанта со 1:0 во четвртфиналното дерби.
Решавачкиот гол го постигна Матео Дармијан на асистенција на Лаутар Мартинез во 57. минута.
Тоа беше блескава тимска акција на „Нероазура“, која ја иницираше Дармијан и на крајот заврши со перфектен удар со лева нога од 15 метри .
Преостанатите три четвртфинални средби ќе се играат утре и задутре, а се среќаваат Кремонезе – Рома, Фиорентина – Торино и Лацио – Јувентус.
