ФУДБАЛ

Интер сака да го продолжи договорот со Лаутаро Мартинез само од една причина

Лаутаро Мартинез оваа сезона игра во многу добра форма во Интер, а се зголемуваат шпекулациите дека Барса сака да го донесе во своите редови.

Барселона покажа голем интерес за Лаутаро и на Интер веќе му понудија интересна опција за јануари. Тие се подготвени да ги испрата Иван Рактиќ и Артур Видал во Интер во замена за Лаутаро, но Интер ја одби понудата.

Исто така, „La Gazzetta dello Sport“ пренесува дека Интер сакаат да направат се што моѓат за да го заштитат Лаутаро, бидејќи не сакаат да му дозволат да си замине во јануари или на крајот на оваа сезона.

Аргентинскиот напаѓач има договорна клаузула од 111 милиони евра и сигурно ќе има клубови подготвени да ја активираат, интересно е што може да се активира само од 1 до 15 јули следната година од клубови надвор од Италија.

Но, во Интер сакаат да ја откажат опцијата и се подготвени да му понудат на Лаутаро нов договор. Во тој случај, тој не би имал откупна клаузула, но би добил значителен пораст на платата, што во моментов изнесува 1,5 милиони евра по сезона.

Лаутаро во моментов има договор до летото 2023 година, а новиот договор би го продолжил на уште една година. Тој одигра 13 натпревари оваа сезона во дресот на Итнер ​​и постигна седум голови.