На почетокот на зимскиот преоден рок, Интер направи големи напори да го донесе Артур Видал од Барселона, но се чини дека нема да успее.
Чилеанецот игра во одлична форма и Барселона во моментов не сака да го продаде. Поради тоа, челниците на Интер се свртеа кон други решенија, а првиот што сега е на мета е Сандро Тонали, кој воодушеви од своите игри во дресот на Бреша.
Овој 19-годишен играч од средниот ред го направи своето деби за првиот тим на Бреша пред две години, а оваа сезона имал особено забележителни игри кои дури му донеле покана за репрезентацијата на Италија.
Италијанските медиуми објавија дека челниците на Интер го следеле Тонали и сакале да го доведат оваа зима. „Tuttosport“ пишува дека преговорите се веќе започнати и дека лидерите на Интер веќе се сретнале со агентот на Тонали.
Сепак, сè уште е нејасно колку би можел да чини трансферот, а јасно е дека сакаат да заработат што е можно повеќе пари од Интер. Тонали е на мета и на Јувентус, но немаше сериозни разговори со „Старата дама“.