Италијанскиот тим Интер преку официјалната интернет страница соопшти дека нема да го одигра мечот од УЕФА младинската лига за играчи до 19 години против француски Рен. Како што е соопштено, свесни се дека оваа осминафинална пресметка ќе ја загубат со 3:0, но сепак здравјето на играчите и останатите лица во тимот им е поважно од резултатот, велат од клубот од Милано.
Причината е коронавирусот, а мечот се откажува како превенција и страв од негово ширење.