Се чини дека Антонио Конте ќе го истера своето во Интер. Пред неколку дена одржа состанок со челниците на клубот, по кој е договорено да има поголема слобода и одлучување во трансферите. Па, сега според информациите од Италија, Конте ќе продаде еден од двајцата фудбалери Брозовиќ или Шкриниар, за да собере пари за дури тројца играчи на Челзи.
Наводно и Челзи е подготвен да се раздели со фудбалерите, па многу е веројатно зделката да се случи. Имено, италијанскиот тим е подготвен да плати 70 милиони евра за тројца играчи на „сините“, Нголо Канте, Емерсон Палмиери и Оливие Жиру.
Најголем проблем ќе биде Канте, кој воедно е и најскап. Тој би требало да чини околу 50 до 60 милиони, но во целата зделка Интер планира да вклучи или Брозовиќ или Шкриниар. Останатите двајца, Емерсон и Жиру ќе бидат полесната и поевтината задача. Емерсон треба да користи како алтернатива за левата бековска позиција, а Жиру за нападот.