ФУДБАЛ

Интер тајно преговара со Реал Мадрид за напаѓач, за да не ги наруши односите со Барселона?!

„Спортмедиасет“ објави бомбастична вест во која тврди дека Интер почнал тајни преговори со Реал Мадрид за продажба на младиот напаѓач Лаутаро Мартинез. Аргентинецот е желба на Барселона одамна, но сепак Каталонците немаат доволно финансии. Сепак, се појави Реал Мадрид кој сака да го купи,  а со оглед дека Интер го сака Артуро Видал од Барселона, целата операција ја држи во строга тајност со цел да не ги наруши односите со каталонскиот тим за да пропадне доаѓањето на Чилеанецот.

Наводно Реал Мадрид нуди пари, плус нивниот млад напаѓач кој не се докажа Лука Јовиќ на позајмица, со можност за откуп на договорот. Наводно од парите од продажбата Интер веднаш би тргнал по Канте од Челзи, кого Антонио Конте го посакува во Милано.