Челниците на Интер ќе се обидат да го купат Дензел Дамфрис, одличниот десен бек ПСВ.
Дамфрис беше еден од најдобрите во неговата репрезентација сè додека Холандија не беше елиминирана, а по добрите игри пристигнаа бројни понуди.
„Газета дело Спорт“ тврди дека Интер влегол во преговори со ПСВ и дека ќе се обидат да го донесат ова лето по цена од 15 милиони евра.
25-годишниот десен бек играше за Спарта Ротердам, Херенвен и е член на ПСВ од 2018 година.
Дебитираше за репрезентацијата на Холандија во 2018 година и одигра над 25 натпревари со два гола.