ФУДБАЛ

Интер утре ќе заработи повеќе од кој било италијански клуб во историјата

Интер играше добро во Серија А оваа сезона, но пласманот во нокаут фазата од Лигата на шампионите е сè уште неизвесен.

Во последното коло од групната фаза, Интер утре се соочува со Барселона на „Џузепе Меаца“ и тие ќе одат на победа.

Нероаѕурите утре ќе имаат огромна поддршка од трибините. Досега се продадени 72.000 билети, што ќе му донесе на клубот рекорден профит.

Интер ќе собере повеќе од 6,5 милиони евра од продажба на билети, што ќе биде најголемата добивка во историјата на италијанскиот фудбал од продажба на билети.

Зошто Нероаѕурите нема да остварат повеќе профит од продажбата на билетите, „виновни“ се навивачите на Барселона, бидејќи секторот за гостински навивачи нема да биде исполнет до крајот.

Инаку, на Интер му одговарао нерешено, па дури и пораз, но под услов Борусија Дортмунд да одигра нерешено или да загуби од Славија од Прага.

ПОВРЗАНО

Серија А