Во дербито од 13. коло на италијанската Серија А, Интер на „Џузепе Меаца“ го совлада тимот на Наполи со резултат 3:2.
Во навистина одлична партија, италијанскиот шампион го победи Наполи, кој вечерва го доживеа првиот пораз сезонава.
Гостите подобро влегоа во натпреварот. Зиелински погоди во 17. минута за водство од 1-0, но до крајот на првиот дел Интер дојде до пресврт.
Во 25. минута беше досуден пенал за домашната екипа. Хакан Чалханоглу погодува за 1:1, а турскиот фудбалер е заслужен и за вториот гол на домашната екипа.
Чалханоглу постигна одличен гол од корнер, а Иван Перишиќ е на вистинското место и погодува за 2:1.
Лаутаро Мартинез погоди за 3:1 во 61. минута и се чинеше дека се е решено на овој натпревар.
Сепак, во 78. минута Наполи се врати. Џеко погреши и ја загуби топката, а Дрис Мертенс погоди феноменално за 3:2 и Наполи се врати во игра.
Сепак, до крајот на натпреварот немаше промена на резултатите. Остана 3:2 иако Наполи имаше неколку трикови за да избегне пораз и да освои барем бод.
https://twitter.com/i/status/1462493002539192324
Интер сега заостанува четири бода зад Наполи, кој и понатаму е прв на табелата со 32 освоени бода.