ФУДБАЛ

Интер зема замав и не се откажува од борбата за титулата

Интер ја совлада Верона со 2-0 во 32. коло од италијанската Серија А.

Првата шанса на натпреварот ја имаше Иван Перишиќ, голманот на гостите го одбрани ударот во 18. минута.

Четири минути подоцна хрватскиот репрезентативец упати низок центаршут, а Никола Барела го следеше и постигна гол за 1:0.

Интер можеше да постигне гол во 26. минута, но ударот на Хоакин Коре го одбрани голманот на Верона.

Сепак, за вториот гол на Интер се погрижи Един Џеко. По една гужва, топката доаѓа до ного, кој едноставно не пропушта такви шанси.

Верона имаше една добра шанса до крајот на првите 45 минути. Симеоне имаше шанса, но се истакна Самир Хандановиќ.

Второто полувреме беше тотално послабо од првото, а единствено што можеме да издвоиме е обидот на Д’Амброзио во 73. минута кога Монтипо забележа нова добра интервенција.

Милан сега е прв со 67 бодови, Интер и Наполи имаат 66 и имаме возбудлива борба за титулата до крајот на Серија А, а Интер полека зема замав по кризата што ја имаше со оглед на тоа што постигна 0:1 во победа од претходното коло кај Јувентус.

Неверојатно, но ова е првпат во 2022 година Интер да врзе две победи.

Верона е деветта со 45 бодови.

Во следното коло Интер ќе игра против Специја, додека Верона против Аталанта.

ПОВРЗАНО

Серија А