ФУДБАЛ

Интер жестоко го казни Милан за сите промашувања

Фудбалерите на Интер славеа денеска во големото градско дерби против Милан со 3:0 во 23-то коло од италијанската Серија А.

Интер фантастично ја отвори играта и поведе во петтата минута. Лукаку асистираше, а Лаутаро Мартинез ја затресе мрежата на Милан за 1: 0.

Милан можеше да израмни во 15-та минута.Ибрахимовиќ имаше голема шанса кога налета на блокираната топка, но Хандановиќ со одличен рефлекс ја зачува својата мрежа.

Интер одговори само шест минути подоцна. Во шанса беше Лукаку кој шутираше добро, но топката мина покрај голот од стативата на Росоњерите.

Во самиот финиш, неколку одлични шанси на двете страни. Прво се закани Перишиќ, чиј удар го одбрани Донарума, а веќе во следниот напад Ибрахимовиќ шутираше одлично од волеј, но Хандановиќ повторно беше сигурен.

Милан влезе со продолжение на натпреварот со полна сила. Росоњерите имаа две неверојатни шанси преку Ибрахимовиќ кој шутираше двапати со глава, но Хандановиќ ја спаси својата мрежа со нереални интервенции.

Казната за овие промашувања пристигна во 57-та минута. Во центарот на вниманието повторно беше Лаутаро Мартинез, кој погоди за 2:0 по одлична акција.

Интер стигна до третиот гол девет минути подоцна. Перишиќ ја регистрираше втората асистенција и го ангажираше Лукаку, кој мина низ одбраната на Милан како брз воз и погоди за 3:0.

„Росољерите“ немаа сили да направат нешто посериозно до крајот, па Интер заслужено славеше на големото дерби и постигна нови три бода. Интер остана прв со 53 бода и сега има четири бода повеќе од второпласираниот Милан.

ПОВРЗАНО

Серија А