Вечерва се отвори завесата на Светското првенство кое ќе не придружува речиси еден месец, до 18 декември.
32 репрезентации учеснички ќе бараат слава во најголемото глобално фудбалско натпреварување.
Осум модерни стадиони со капацитет од 40 до 80 илјади седишта ќе бидат домаќини на 64 натпревари во текот на 28-те дена од Светското првенство.
Изградени се 6 нови стадиони, а реновирани се уште 2, додека трошоците биле 3 милијарди евра.
Друга посебна карактеристика на ова натпреварување е тоа што во „Катар 2022“ се продадени најскапите билети досега.
Билетот за финалниот натпревар во просек ќе чини 784 евра, додека на другите натпревари 327 евра.
Ова е Светско првенство број 22, додека за прв пат се одржало во далечната 1930 година.
Ова ќе биде првпат ова големо натпреварување да се одржи во арапска земја.

Но, тоа ќе биде втор пат да се одржи во Азија, по Светското првенство во 2002 година, кое се одржа во Јапонија и Јужна Кореја.
Исто така, ќе биде првпат овој спортски настан да се одржи кон крајот на годината.
Ова се должи на екстремната клима во текот на летото во Катар.
Франција е актуелен светски шампион и еден од фаворитите заедно со Бразил, Аргентина, Германија, Шпанија и Португалија.
2/3 од вредноста на Светското првенство доаѓа од континентот Европа, каде фудбалот е најскап и најисплатлив.
За ѕвездите како Лионел Меси и Кристијано Роналдо ова ќе биде последно Светско првенство во нивните кариери.
И двајцата се решени да триумфираат во нивниот последен обид.