Ливерпул претстави нов дрес за следната сезона, кој не ги возбуди премногу навивачите.
„Црвените“ неодамна го претставија првиот комплет дресови во кој овој тим најмногу ќе настапува во новата сезона, а сега на ред се дресовите за гостувањата.
Ливерпул утрово официјално го претстави гостинскиот дрес со многу интересен дизајн подготвен од Најк.
Бело-доминантните дресови привлекоа големо внимание кај англиската јавност, но се чини дека навивачите на Ливерпул не се баш задоволни од тоа како изгледа.

Дресот е направен од рециклирани пластични шишиња и го носи бројот 97 во чест на жртвите на Хилсборо.

Исто така, од клубот објаснија дека дизајнот е инспириран од музичката сцена на Ливерпул од 90-тите, бидејќи овој град бил пионер на денс музиката. Сепак, како што веќе изјавивме, навивачите не се премногу воодушевени од изгледот на овој дрес.
🥁 Introducing our new 2022/23 @nikefootball away kit…
Available for early access with @LFCRetail 😍 Full release August 19. pic.twitter.com/TMEEJEwldk
— Liverpool FC (@LFC) July 12, 2022