Пјер Емерик Обамејанг, најпознатиот фудбалер на националниот тим на Габон е капитен на својата селекција. Интересно е тоа што неговиот татко Франсоа Обамејанг стана селектор на оваа земја.
Двајцата ќе ја предводат селекцијата во квалификациите за афричкиот Куп на Нации која ќе игра против Јужен Судан идниот месец.
Сепак, ова не е прв ваков момент татко да е селектор, а неговиот син фудбалер. Иста ситуација имавме и во Холандија кога Дени Блинд беше селектор, а неговиот син Дејли играше во селекцијата на „лалињата“. Истото се случуваше и со Нико Крањчар во Хрватска кога неговиот татко беше на чело на националниот тим на Хрватите, потоа и со Паоло и Чезаре Малдини во селекцијата на Италија…
Извор: ТВ21