Се чини дека баварските гиганти гледаат на други играчи, бидејќи не е познато дали германскиот напаѓач ќе се врати во форма по повредата.
Баерн Минхен започна да го лади интересот за Лерој Сане.
Веста ја објави германскиот медиум „Кикер“.
Германскиот репрезентативец се очекува да се опорави од сериозната повреда што ја претрпе минатото лето.
Баварските гиганти го посакуваа крилниот играч минатата година, но го одложија трансферот поради повредата.
Сепак, се чини дека германскиот шампион сега гледа на други фудбалери, бидејќи не знае дали напаѓачот по повредата ќе се врати во оптимална форма.