ФУДБАЛ

Инциденти по финалето на СП, 227 лица уапсени во Франција

Инциденти се забележани и во Лион, Бордо, Ница и Безие.

Вкупно 227 лица се уапсени во Франција, од кои 47 во Париз и неговата метрополитенска област за време на судирите по финалето на Светското првенство во кое Аргентина ја совлада Франција, соопшти МВР.

14.000 полицајци и припадници на полицијата, беа распоредени низ целата земја, од кои 2.750 во Париз, за ​​да ги ограничат инцидентите што се случија по четвртфиналниот натпревар против Англија и полуфиналето против Мароко.

На Шанзелизе, насобраните навивачи фрлале шишиња и пиротехнички средства кон полицијата, додека полицијата употребила солзавец, јавуваат новинарите на Франс прес.