ФУДБАЛ

Инцидентот на Ериксен пресуден: Задолжителен курс за прва помош во Серија А!

Инцедентот на Ериксен ја портесе целата фудбалска јавност.

Ериксен колабираше на натпреварот Данска – Финска, но благодарение на брзата реакција на Симон Кјаер кој му го извади јазикот на Ериксен и го намести во правилна позиција и брзата реакција на медицинскиот тим, сега е надвор од животна опасност.

Претседателот на италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, најави дека од следната сезона ќе има задолжителен курс за прва помош во Серија А и репрезентацијата.

„Кога срцето на Ериксен запре, истото му се случи на целиот свет“, изјави Гравина. „Ние можеме само да ја цениме постапката на Симон Кјаер и тоа што го направи, Ериксен е жив благодарение нему. Му посакувам на Ериксен брзо закрепнување. Ние како федерација ќе организиране курсеви за прва помош за време на претсезонските подготовки на тимовите со доктори од државните институции. Ова е програма која министерството ја одобри утринава. Ќе се сретнеме со клубовите во нивните тренинг центри, а истото ќе го започнеме и во тренинг центарот на нашата репрезентација“, рече првиот човек на италијанскиот фудбал.

 

ПОВРЗАНО

Серија А