Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го најави натпреварот од Лигата на шампионите против Баерн Минхен.
Интер ќе го пречека Баерн на „Џузепе Меаца“ во 1. коло од новата сезона во Лигата на шампионите, по двата првенствени порази од Лацио и Милан.
Поразите мора да се претворат во можности, го анализиравме саботниот натпревар“, изјави Инзаги на прес-конференција.
Добро работевме во некои моменти, но постигнавме само два гола. Имавме контрола до 1:1, заслуживме реми со оглед на тоа што направивме, но сега треба да работиме повеќе, почнувајќи од мене“, додаде Инзаги, кој очигледно се уште размислува за пораз од градскиот ривал Милан.
„Ќе биде важно да имаме наши навивачи на стадионот, тоа ќе ни помогне, знаеме дека не чека силен противник. Групата е многу тешка, а утрешниот натпревар мора да биде можност по разочарувањето во дербито.
„Ги гледав последните два натпревари на Баерн и покрај двете ремија, тие беа доминантни гледајќи ја статистиката. Нивните противници беа агресивни и успеаја да ги ограничат, но Баерн по интензитет остана еден од најдобрите клубови во Европа“, изјави Инзаги.
„Критиката е дел од фудбалот и сакам конструктивна критика бидејќи е стимулативна, но морам да носам одлуки за доброто на Интер“, додаде тој.
Интер ќе се сретне и со Барселона во „групата на смртта“ оваа сезона. Од кого повеќе се плаши Инзаги? Садио Мане или Роберт Левандовски?
„Веќе игравме со Мане, со Ливерпул, тој има неверојатен интензитет кој е клучен во двете фази. Лева е врвен играч. Ќе се соочиме со нив четири пати за месец и половина. Ова ќе бидат возбудливи игри“.
Италијанските медиуми веруваат дека тренерот на Интер ќе направи промени за дуелот со Баерн и дека стартер наместо Хоакин Кореа ќе биде Един Џеко.
Џеко стартуваше на клупата против Милан, но во игра влезе во 64. минута и три минути подоцна постигна гол за конечни 3:2.