Тренерот на Интер, Симоне Инзаги истакна дека неговите играчи мора да бидат горди на она што го покажаа во финалето на Лигата на шампионите и покрај болниот пораз.
– Им честитав на играчите. Мора да бидат горди. Тие одиграа одличен натпревар. Го загубивме финалето кое сакавме да го добиеме по секоја цена, но мора да бидеме горди. Не би ги менувал овие играчи за ништо и цел свет виде зошто денес. Загубивме од силен тим. Имаме за многу да жалиме, но мора да бидеме горди – изјави Инзаги .
Со додавање дека Интер имаше голема шанса барем да го одведе натпреварот во продолженија.
– Тоа е фудбал. Мора да растеме од ова разочарување. Се уште се прашувам како не постигнавме гол на крајот. Јасно е дека заслуживме повеќе.
