ФУДБАЛ

Инзаги потпиша!

Симоне Инзаги го продолжи договорот со Лацио до 2023 година.

Големиот 44-годишен стручњак го предводи римскиот тим на фантастичен начин, кој се врати на врвот на италијанскиот фудбал, па на взаемно задоволство е договорено проширување на соработката.

Инзаги ја прошири соработката со Лацио за следните три години, а договорена е и плата од три милиони евра, плус бонуси.

Младиот стручњак е на клупата на Лаци уште од април 2016 година. Тој успеа да го врати Лацио на врвот со одлична работа и освои вкупно три трофеи.

Лацио двапати го крена трофејот на Суперкупот на Италија и Купот на Италија еднаш, а оваа сезона е во голема борба за титулата со Јувентус.

Инзаги го водеше клубот во 192 натпревари и има рекорд од 106 победи, 35 нерешени и 51 пораз.