Денеска почнуваат натпреварите од третото коло.
Од 20:00 часот ќе го следиме и исходот од групата Б. Нè очекува „Битката на Британија“ меѓу Англија и Велс, додека во вториот меч ќе имаме и политичко и спортско дерби, во форма на пресметка меѓу Иран и САД.
Репрезентацијата предводена од Карлос Кеирош е во центарот на вниманието од самиот почеток на првенството. Фудбалерите на Иран одбија да ја пеат националната химна на својата земја во првото коло против Англија, но ја отпеаа на натпреварот против Велс. Промената е направена, според Си-Ен-Ен, поради закани по фамилијата. Во Иран моментално беснее револуција, немири предизвикани од смртта на Махса Амини, кој беше уапсен поради непочитување на носењето хиџаб.
Вчера американските медиуми објавија дека на фудбалерите на Иран им било понудено богатство во вид на подароци и автомобили пред мечот со Англија, а потоа, по мечот, на играчите им се заканувале мачење и апсење од членовите на нивните семејства доколку не го сменат нивниот став за националната химна.
Ставот е променет, видовме неверојатни сцени на натпреварот против Велс. Навивачите плачеа заедно со играчите, Велшаните беа поразени, па вечерва не чека исклучително интересен натпревар. Ако Иранците воопшто можат да се фокусираат на тоа.