Иско Аларкон ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната, убедени се некои шпански медиуми.
Се чини дека во Мадрид им е доста од Иско, кој е далеку од неговата поранешна форма, и решија да го пуштат на лето.
Извештаите од Шпанија велат дека 28-годишниот шпански играч за врска ја избра Севиља за своја следна дестинација.
Севиља со години е на врвот на шпанскиот фудбал, редовен учесник во европските натпреварувања и секако одличен избор.
Патем, формата на Иско оваа сезона е очајна. Досега, деловите за асистенции и голови до неговото име се празни.
Последниот лигашки натпревар од првата минута започна пред три месеци против Валенсија, а против Хетафе пред неколку дена доби 13 минути.