Шпанскиот играч за врска Иско планира да го напушти Реал Мадрид.
Иско би можел да го напушти Реал на зима, а тоа го потврди тренерот на Кралевите, Зинедин Зидан, на прес-конференција, но и агентот на 28-годишниот фудбалер.
“Во моментов немаме никакви понуди, но Иско би сакал да се обиде на друго првенство. И покрај тоа, останувањето во Мадрид не претставува проблем”, рече неговиот агент Аларкон во коментарот за Ел Ларгеро.
Лондонски Арсенал е заинтересиран за Иско, а се споменува и можна размена помеѓу Интер и Реал во која Кристијан Ериксен би се преселил во Мадрид, а Иско би тргнал кон Италија.