Фудбалскиот клуб Лос Анџелес Галакси е заинтересиран да го доведе шпанскиот играч Иско, објавија денеска локалните медиуми.
Офанзивниот играч за врска пред четири дена стана слободен играч, откако го раскина договорот со Севиља.
Според шпанскиот весник AС, за поранешниот играч на Реал Мадрид се заинтересирани уште неколку клубови од Премиер лигата и МЛС, додека Галакси посебно сака да го доведе 30-годишниот играч, откако Кевин Кабрал се пресели во Колорадо Рапидс.