Шпанскиот фудбалер Иско би можел да ја продолжи кариерата во Англија, пренесуваат тамошните медиуми.
Веста дека заминува од Севилја по само една полусезона ја шокираше јавноста. 30-годишниот играч од средниот ред дојде од Реал Мадрид во Севилја ова лето како големо засилување и потпиша договор до летото 2024 година, со клубот кој по 14 кола е во зоната за испаѓање, со само 11 бодови.
„Марка“ сега пренесува дека е договорен прекин на соработката и дека, како што стојат работите, Иско кариерата ќе ја продолжи со тренерот со кој одлично се сложуваше во Севиља – Лопетеги, кој сега работи како менаџер на Вулверхемптон.
Лопетеги треба да дебитира за Волците против Евертон во понеделник.