ФУДБАЛ

Иско од следната сезона може да го гледаме во Премиер лигата

Ливерпул бараат плеј мејкер, како што тоа го правеше Филипе Кутињо пред неколку години.

Ливерпул изрази интерес за играчот од средниот ред на Реал, Иско.

Англискиот клуб бара офанзивен играч од средниот ред и плеј мејкер, како што тоа го правеше Филипе Кутињо пред неколку години.

„Ел Десмарк“ пренесуваат дека Ливерпул се свртеле кон шпанецот.

Иско не наоѓа доволно простор на „Сантијаго Бернабеу“ и неговото заминување од Мадрид одамна се шпекулира.

Европските шампиони ќе се обидат да го пренесат Иско во текот на следното лето, бидејќи Реал Мадрид во моментов не сака да продава играчи.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига