Звездата на Реал Мадрид, Иско, најверојатно, во јануари ќе ги напушти редовите на европските шампиони.
Според англиските медиуми, Челзи е многу близу до договор со шпанскиот играч и од почетокот на 2019 година може да игра на Стемфорд Бриџ.
Челзи ќе одвои 70 милиони фунти за услугите на овој играч, додека Иско во Лондон треба да заработува околу 250.000 фунти неделно.
Договорот ќе биде потпишан четири и пол години, а Челзи, наводно, е подготвен да плати дополнителни пари за претставникот на Шпанија веднаш по потпишувањето на договорот.
Иско има намера да замине. Очигледно е дека 26-годишниот напаѓач не е среќен на „Сантијаго Бернабеу“, па дури и навивачите се свртеа против него.
Оваа сезона Иско играше вкупно 17 натпревари, постигна четири гола и едена асистенција.