Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, збесна по поразот кој неговиот тим го доживеа од директниот ривал во борбата за едно од двете места кои водат во 1/8 финалната рунда во Лигата на шампиони, екипата на ПСЖ.

Пресметката на “Паркот на принцовите” заврши со минимален триумф на “светците” од 2:1, а предводникот на “црвените”, по натпреварот изјави дека е шокиран од однесувањето на противничките фудбалери кои постојано глумеа дека се повредени.
- Често се правеа дека се мртви, па одма стануваа и продолжуваа да играат. Нејмар и дружината беа итри, а моите избраници не беа така смирени. Судијата премногу ја сецкаше играта, а кога ќе се погледне бројот на добиени картони, излегува дека ние сме касапи, изјави германскиот стручњак.
Четата на Јирген Клоп има обврска да слави и тоа со најмалку два гола разлика во последниот натпревар од групната фаза против екипата на Наполи, во спротивно, италијанскиот калчолигаш ќе обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда.