Даниел Аврамовски ќе игра за ФК Сараево, тим на чија клупа неодамна седна Александар Васоски. Токму на негова иницијатива босанскиот клуб испрати понуда до Аврамовски, кој од септември е без ангажаман. Според тамошните медиуми, договорот е постигнат и ќе биде за 2,5 години.
Аврамовски и Васоски се знаат од деновите од Вардар, претходно овој играч настапуваше за Работнички, Црвена Звезда, Војводина, Олимпија Љубљана и Кајзериспор.