Кристијано Роналдо конечно даде конкретни одговори на прашањата за напуштање на Реал Мадрид.
Роналдо во последно време брилијантно игра за Јувентус, пркосејќи им на сите обвиненија и критики кои ги имаше, а покрај се (уште еднаш) зборуваше за неговиот поранешен клуб.
“На мене тој гледаше како работа и го знам тоа. Она што ми го кажуваше никогаш не доаѓаше од срце. Осетив дека внатре во клубот не ми гледаат исто како на почетокот. Во првите 4-5 години се чувствував како Кристијано Роналдо, а потоа не”, рече Роналдо и продолжи:
“Затоа почнав да размислува за напуштање. Понекогаш гледам вести, каде што велат дека сум побарал да се одам. Беше малку и тоа, но вистината е дека секогаш имав впечаток дека претседателот не сака да ме задржи во тимот. Да е за пари ќе одв во Кина, каде што ќе заработував пет пати повеќе отколку во Јувентус и Реал Мадрид. Во Мадрид можеби заработував повеќе, но Јуве ме сакаше, тоа ми го покажаа и докажаа па зошто јас ги избрав нив.”
Португалцот, исто така, посочи дека на заминување не одлучил, бидејќи Зинедин Зидан го напуштил Реал.
Роналдо потоа зборуваше за обвиненијата и скандалот во 2009 година.
“Оваа приказна ми се меша во животот. Имам партнерка, четири деца, мајка, човек, брат, сестра… И углед што е за пример. Замислете што значи кога некој е обвинет за такво нешто… Вистината еден ден ќе излезе на виделина и луѓето кои од животот ми прават циркус. Мојот син е премногу млад за да разбере, но најлошо е неговата мајка и сестри. Ллути се и вчудоневидени, прв пат ги гледам такви”, рече Роналдо.