Навивачите на Галатасарај имаат причина за големо задоволство. Раководството на нивниот тим за следната сезона обезбеди две големи имиња, искусни фудбалери, кои сигурно ќе бидат големи засилувања. Првиот е Дрес Мертенс, довчерашен соиграл на Елиф Елмас во Наполи, кој практично е најдобриот стрелец во историјата на овој тим. Има 36 години, не го продолжи договорот со Наполи, па како слободен се сели во Галатасарај.
Вториот фудбалер е Лукас Себастијан Торерира, кој во изминатата сезона играше за Фиорентина. Тој практично е во сопстеност на Арсенал, но во последните две години како позајмен ги носеше дресовите на Фиорентина и Атлетико Мадрид.
✅ Milano
✅ Brüksel
🔜 İstanbul
💛❤️ pic.twitter.com/J6R2gbvibj
— Galatasaray SK (@GalatasaraySK) August 6, 2022